Објавено на:

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако Австралиецот Алекс де Минор се откажа од турнирот поради повреда на колкот, соопштија денеска организаторите.

Ѓоковиќ подоцна денеска требаше да игра со Де Минор во четвртфиналето на Вимблдон, но Австралиецот реши да му го додели мечот на српскиот тенисер поради повреда на колкот.

Де Минор се повреди пред два дена на осминафиналето против Французинот Артур Филс. Австралиецот победи со 6:2, 6:4, 4:6, 6:3, но се повреди на крајот од мечот, пренесува Танјуг.

„Разочаран сум, но морав да седам надвор поради повреда на колкот. Чувствував дека нешто се кине за време на последните три поени од мојот натпревар со Филс. Вчера ги добив резултатите од скенирањето, кои потврдија дека се работи за повреда. висок ризик повредата да се влоши доколку излезам на теренот“, изјави Де Минор, соопштија организаторите.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против победникот од мечот меѓу Италијанецот Лоренцо Музети и Американецот Тејлор Фриц.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Русинот Даниил Медведев и Шпанецот Карлос Алкараз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Громогласен аплауз: Кејт Мидлтон пристигна на…

Принцезата од Велс, Кејт денеска се појави…

Астрономски цени на билетите за финалето на…

Ден откако беше познато дека Новак Ѓоковиќ…

Барбора Крејчикова од Чешка е новата кралица…

Барбора Крејчикова ја освои историската прва титула…

Кејт Мидлтон утре ќе присуствува на машкото…

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон утре ќе…

Ѓоковиќ: Бомби ми паѓаа над глава додека…

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња,…