„Ѓоковиќ ‘џабе везе’, вистински крал на Вимблдон е – Роже Федерер“
Новак Ѓоковиќ денеска против Џордан Томпсон (Австралија) ќе го одигра мечот од второто коло на годинешниот „Вимблдон“, на кој брка подобрување на рекордот по бројот гренслем-титули (досега 23), но и продолжување на серијата победи на Централниот терен во Лондон, на кој нема пораз 2.183 дена.
И покрај сето ова, се уште постојат новинари кои никако не може да ја „сварат“ тезата дека Србинот е најдобриот на сите времиња не само на неофицијалното светско првенство туку и на сите времиња и таа титула му ја доделуваат на – Роже Федерер. Швајцарецот вчера се најде на трибините на „Ол Ингланд клубот“ да му биде оддадена почест за се што направил на „Вимблдон“, а тоа се осумте титули од кои пет во низа. Ѓоковиќ годинава има шанса да ја изедначи оваа победничка серија, ако на 16 јули го крене победничкиот пехар, но прашање е дали и тоа ќе го смени мислењето на „неверниците“.
Еден од нив е и влијателниот американски портал „Атлетик“, кој објави текст со наслов „Федерер засекогаш ќе биде крај на Централниот терен“, занемарувајќи го фактот што Србинот веќе 10 години нема пораз на ова место.
„Престојот на Централниот терен во вторникот ни послижи да се потсетиме дека додека сме опседнати со броењето титули освоени на гренслем-турнирите забораваме дека постојат и други работи кои одредуваат кој е најдобар. Една од нив е и фактот како луѓето реагираат кога ќе ги видат спортистите, во што Федерер е – недопирлив и тоа во целиот спорт. По неговото прво враќање на Ол Ингланд клубот по пензионирањето, Швајцарецот беше пречекан како крал, сместен во кралската ложа, носејќи кралски костум и поздравувајќи ги присутните како вистински монарх. Сигурно е дека никогаш нема да постои тенисер кој ќе биде толку популарен на Вимблдон како Федерер. Тоа не е само поради неговите осум титули, туку поради начинот на кој говори и на кој го гледаат луѓето – како најдобар, најграциозен и како уметник. Затоа тој е најдобар на сите времиња, иако Ѓоковиќ и Надал се пред него по бројот на титули“, пишува меѓу другото „Атлетик“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…