Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
Градот Скопје го реконструира вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, како дел до активностите за реконструкција на паркот „Жена борец.
– Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Некои рани никогаш не зараснуваат. Таква е и раната за децата бегалци коишто прерано останале без своите домови. Овој споменик којшто во моментов го реконтруираме беше мета на вандализам во минатото и со години стоеше без плоча и без никакво обележје, но веќе започнавме активности со коишто спомен-обележјата во главниот град ги враќаме во првобитна состојба, бидејќи станува збор за спомен-обележја, коишто се одлика за минатото, но и правец каде во иднина треба да се движиме ние како нација, како народ и како жители на град Скопје, но и потсетник да бидат за младите коишто треба да си ја знаат својата историја. Освен овој споменик и на останатите споменици каде што има аномалии во наредниот период ќе превземеме активности за да ги ревитализираме целосно. Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…
Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…
Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…
На социјалните мрежи се појави целосната снимка…