Ѓорѓиевски: Граѓаните треба да бидат трпеливи, немам магично стапче – автобуси ќе има до средина на годината
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во Топ Тема зборуваше и за амбиенталниот воздух во градот, долгот на јавните претпријатија и подобрување на јавниот превоз. Тој посочи дека загадувањето не се должи само на цементницата Усје, туку дека проблемот постои со години.
„Усје според мене не е единствениот кој влијае на влошување на амбиенталниот воздух во главниот град. Сите го дишеме тоа и го живееме многу години наназад. Сега транспарентноста е зголемена и треба граѓаните да го знаат тоа. Сите овие индустрии треба да бидат надвор од градот“, рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот истакна дека приватната сопственост го ограничува директното дејствување на градот. Па така за Усје вели дека е привата сопственост и тој како градоначалник не може да влезе кај некој дома и да каже „од денес нема тука да ви стои гарнитурата“. Сепак посочи дека потенцијалните загадувачи постепено треба да се изолираат, особено од централното градско подрачје како и да се зголемат контролите. Додека за финансиската состојба на градот, Ѓорѓиевски рече дека долговите се намалени.
„Долгот на градот е намален за над 40 милиони евра за јавните претпријатија. Градот Скопје над 5 милиони евра е исплатен целосно и не должи ништо. Во моментов градот има над 4 милиони евра. За Дрисла е потребно 150 милиони евра или процес на јавно-приватно партнерство“, изјави тој.
Ѓорѓиевски сепак упати до скопјани да бидат трпеливи, поради тоа што тој нема магично стапче за да го реши веднаш проблемот со јавниот превоз.
„Многу одамна се немам возено со автобус, но мојата мајка секој ден се вози. Јас пред 100 дена станав градоначалник, а не пред 100 години. Она што можевме да го направиме, го направивме. Исплативме над 72 милиони денари на приватните превозници, им беше дозволено да го зголемат бројот на возила, а 30-тина автобуси стоеја за ситни поправки и беа поправени. Граѓаните треба да имаат трпение. Јас немам магично стапче, но давам се од себе“, посочи Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека последните набавени автобуси се од Петре Шилегов и дека до средина на годината ќе стигне дел од автобусите, а подоцна и останатите со што Скопје ќе добие 100 автобуси. Сепак за сето ова е потребно дејстување од Владата како главен реализатор, но не и Градот Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Граѓаните треба да бидат трпеливи, немам…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во Топ…
(Видео) Протести го тресат Сараево: граѓаните ја…
Веќе шести ден по ред граѓаните протестираат…
(Видео) Герила акција во срцето на Скопје:…
Активисти и граѓани попладнево се собраа на…
Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести…
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави…
Опозицијата бара повлекување на предлог-законот за високо…
Во одговорот до пратеничката Костадиновска-Стојчевска, министерката додаде…