Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести и оти оваа година првпат ќе се прави набавка на лекови за овие пациенти за три години, поинаку од досега кога се набавувале само за една година.
– Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниеден граѓанин и ниедно дете нема да останат без потребните лекови и без медицински третман бидејќи тоа е наша обврска како Министерство за здравство, како држава и како Влада и свесни сме дека овие граѓани треба да се лекуваат од самото детство – рече министерот Алиу одговарајќи на прашање на пратеничката Бисера Костадиновска поврзано со намалување на средствата за ретки болести.
Министерот за здравство рече дека е зголемен буџетот за трансфер за знаење на лекарите за пациентите со ретки болести. – Имаме средби со надворешни експерти, кои работат со нашите лекари, за да имаме нови методи и лекување на овие пациенти, не само во однос на лековите туку и за другите третмани кои се екосистем за здравјето на овие деца – рече Алиу на седницата за пратенички прашања.
Тој додаде дека има стандардизација на процедурите и секој лекар што ќе лекува пациенти со ретки болести треба да има стриктен протокол и софтвер што ќе го следи пациентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…