Ѓорѓиевски е функционално неписмен, велат од Град Скопје: Нека наброи пет проекти кои ги направил сам без помош од Градот
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски е функционално неписмен и нема основна култура на однесување, велат во соопштение од Градот Скопје.
-Неписменоста, функционална но и целосна, е главниот проблем на Македонското општество во последниве три децении. За жал, ниту денес, во 21. век не можеме да забележиме тренд на еволуција на писменоста кај државните функционери, напротив, од година во година се повеќе е изразена неписменоста во највиоските редови на централната, локалната и сите останати власти.
Таков е и примерот, за жал, и со градоначалникот на општина Кисела Вода, кој освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување.
Имено, парцелата на ЈП „Дрисла“ која е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во дирекнта надлежност на градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот пак, што ја прифатил ваквата сугестија.
Она што ме радува пак од прес конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС.
Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено денес. Договор има компанијата „Анизор“ која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла“ самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност“. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже.
Би сакале и да го прашаме Ѓорѓиевски да наброи барем пет проекти кои ги направил самиот, без поддршка на градот Скопје во изминатите две години. – се вели во соопштението од Градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…