Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе блесне – сакам да обедувам и да работам

t

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на првата прес-конференција во рамки на локалната кампања истакна дека негов приоритет е хигиената и чистотата на главниот град.

„Ветив дека во првите 72 часа откако ќе го преземам местото градоначалник на Скопје ќе започнеме со активност каде ќе се вклучат сите општини. И за 72 часа, Скопје ќе блесне. Тоа е она што нѐ мачи изминатиот период и изминатите години. Скопјани заслужуваат чист град“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека токму состојбите во Град Скопје биле мотив за неговата кандидатура, со цел од, како што рече, „руинирана состојба“ да се направи град со кој сите ќе се гордеат.

„Имам одлична советничка листа, имам експерти, домашни и меѓународни, за секој од столбовите со ветувања да се реализира. Јас сум спремен да не се штедам и до последен атом да се вложам“, порача кандидатот.

Ѓорѓиевски подвлече дека сака да настапи како обединувач, а не како политичар што создава поделби:

„Дел од тие луѓе можеби ќе бидат вклучени во мојот тим, можеби дел од нивните идеи од програмите ќе бидат реализирани од нас. Не правам поделби. Сакам да обедувам и да работам. Резултатите во мојата општина Кисела Вода ми даваат најголем кредибилитет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе блесне…

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ,…

Додик со предлог референдумот во Република Српска…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес…

ЕУ ја поздрави изборната победа на партијата…

Високите претставници на Европската Унија ја поздравија…

Зеленски: „Воведете строги санкции за оние кои…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави…

Оценката на обвинителниот акт за „Пулс“ ќе…

Кривичниот суд во Скопје соопшти дека до…