ЕУ ја поздрави изборната победа на партијата на Маја Санду во Молдавија
Високите претставници на Европската Унија ја поздравија веста дека владејачката партија на молдавската претседателка Маја Санду го задржа парламентарната мнозинство на изборите одржани вчера.
– Иднината на Молдавија е во Европа! – напиша претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на мрежата Икс.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта оцени дека изборите се историски момент за земјата. – Народот на Молдавија избра демократија, реформи и европска иднина, и покрај притисокот и мешањето од Русија. ЕУ е со Молдавија на секој чекор, порача тој.
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас додаде дека, и покрај обидите на Русија да шири дезинформации и да купува гласови, „никоја сила не може да го запре народот кој се залага за слобода“.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека молдавските граѓани повторно ја избрале Европа, демократија и слобода. – Нашата врата е отворена и ќе бидеме со вас на секој чекор. Иднината е ваша, порача таа.
Молдавија, сиромашна земја со околу 2,4 милиони жители, е кандидат за членство во ЕУ од 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Експозитурите на Алта Банка АД Битола нема…
АЛТА банка АД Битола извести дека нејзините…
Се бара притвор за 20-годишник кој удри…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…
Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…
Од „Алта банка“ во Битола повлечени околу…
Околу два милиони евра биле повлечени од…