Јакимовски: Ако забраните градење, ќе никнуваат дивоградби – Проблемот се решава поинаку

t

Ако се забрани градење, ќе никнуваат дивоградби, вели во денешната изјава за медиумите градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Јас синоќа побарав средба со министерот, се договоривме да се сретнеме. Јас би сакал да ги слушнам неговите аргументи. Да запрете градење е исто како да ги затворите породилиштата. Ако ги затворите породилиштата деца пак ќе се раѓаат, ама ќе породуваат диви бабици. Истото се случува и со запирање на градба било каде. Сакам да ги видам аргументите на министерот, јас ќе поднесам аргументи извадени од званична статистика. Сите одлуки на Влада мора да се засноваат на емпириски показатели, вели Јакимовски кој нагласи дека се праѓа порака дека нема правна сигурност.

– Нема дилема дека тоа е неуставна работа, порака каква се праќа? За нестабилност, замислете вие имате имот кој не можете да го легализирате, има таму ГУП, ДУП. Имотите во Карпош се вредни веќе по 300, 400, 500 илјади евра и ние мораме да имаме почит кон граѓаните на Карпош.

Еве јавно ќе прашам зошто да не се гради на Илинденска? Каде во светот има расадник во центар на градот? Сакам да прашам дали има поубаво место за живеење во Скопје од тој дел покрај Илинденска.

Ако сакаме ред да створиме во урбанизмот, треба да запреме претворање на индивидуалните во колективни згради. Главниот проблем треба да биде решен со паркирањето и треба да ги задолжуваме инвеститорите да прават по две паркинг-места за еден стан.

Ние имаме ситуација кога во една зграда има непродадени 220 паркинг-места, а автомобилите постојат. Уште пред десет години сум инсистирал на законско решение да не смее да се двои гаражното место од станот при продавање, истакна Јакимовски.

Политичката порака е лоша, јас не сакам да се конфронтирам, сакам да седнеме како нормални луѓе, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Ако забраните градење, ќе никнуваат дивоградби…

Ако се забрани градење, ќе никнуваат дивоградби,…

„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…

Поради дефект денеска без вода ќе останат…

Старица ограбена во Карпош

На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Како со 2.500 евра се купуваат станови…

На префалени јагоди не се оди со…