Јакимовски за хипокризијата на Мицкоски: Се слика со Јанкуловска, а за истата работа Груевски го нарекува криминалец
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во објава на Фејсбук вели дека повикот на Груевски до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да не гласаат за уставните измени, е потврда на мислењето на Јакимовски дека Мицкоски се испазарил за промена на Уставот, а вината сака да ја префлри на Груевски.
Во продолжение ја пренесуваме во целост неговата објава на Фејсбук:
– И шу правиме сега?
Никола Груевски се изјасни против уставните промени со образложение дека потоа следат нови барања од Бугарите за историските прашања: дека до 2 август 1944 година сме биле Бугари, а од тогаш како што вели тој сме се ребрендирале во Македонци; дека до 1944 година јазикот ни бил бугарски, а од тогаш наваму е македонски, и да признаеме дека делиме иста историја или споделена. Ова го кажува поранешниот премиер во неговиот статус на фејсбук.
Пред два дена ви реков дека токму Мицкоски е договорен да дел од неговите пратеници гласаат за уставните промени, а заедно со германското сценарио смислиле стратегија да го обвинат Груевски дека токму тој се труди да обезбеди пратеници за уставни промени. За жал итроштината на Мицкоски и тие околу него многу брзо стана провидна, а пустата вистина е како шило. Христијан зборуваше дека Груевски се договарал за промени во кривичниот закон за да му се анулираат кривичните постапки, а всушност од осум, со овој закон му се елиминира само една. И оваа теза на раководството на ВМРО-ДПМНЕ не го издржа временскиот тест ниту три-четири дена.
Она што ме зачудува е колку дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот се трескаат од земја ако Груевски и некој од поранешното раководство се спасат со измените од кривичниот закон. Можам да разберам да се нервира СДСМ и неговото членство, ама вмровци да леат крокодилски солзи е несфатливо. Ова само кажува каков човек е Христијан Мицкоски. Пардон, каков нечовек е, бездушник. Во состојба е сите да доумрат само тој да се добере до власта. Гордана Јанкуловска и Никола Груевски беа обвинети за набавка на мерцедесот. Објавува слика во неговиот кабинет со Јанкуловска, а за истата работа Груевски го нарекува криминалец. Каква хипокризија. – пишува Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…