Јакимовски: Карпош е 10 години пред сите други општини – продолжуваме со нови проекти

t

Денеска, пред претставници на медиумите, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, официјално ја најави својата кандидатура за нов мандат.

„Одлуката ја донесов по долготрајни консултации со граѓаните и по внимателно следење на јавното мислење. Сите ме знаете, мојот телефон е отворен и комуницирам со секого – токму тоа е доказ дека постои силна поддршка и желба повторно да ја водам општината,“ истакна Јакимовски.

Тој подвлече дека довербата од граѓаните не се должи на симпатии, туку на конкретни резултати. „Карпош е десет до петнаесет години пред било која општина во Македонија. Имаме модерна инфраструктура, реновирани училишта и градинки, подобрени услови за образование и спорт, како и подготвена администрација која стои зад секој реализиран проект,“ додаде Јакимовски.

Во својот настап, тој посочи дека и понатаму постојат предизвици – пред сè паркирањето и одржувањето на хигиената и зеленилото. „Ќе инсистираме на нови законски решенија за хигиената и зеленилото, затоа што е недозволиво десетина градоначалници и стотици функционери да бидат надлежни, а резултатите да бидат катастрофални. Одговорноста мора да е јасна и да дојде кај локалната самоуправа,“ нагласи тој.

Јакимовски потенцираше дека Карпош ќе продолжи со унапредување на училиштата – со нови системи за греење и ладење, топлотни пумпи и батерии за складирање струја, што дополнително ќе ги намали трошоците. Ќе се зголемат стимулациите за реновирање на кровови и лифтови, ќе се продолжи со субвенциите за полагање возачки испити за средношколци, а проектите ќе се прошират со покривање на дополнителни трошоци.

Најавени се и нови стимулации за бушотини и системи за наводнување, субвенции за електрични возила во општината, поголем акцент на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.

„Карпош мора да има свој пензионерски дом со капацитет од 150 до 200 легла. Тоа е голема потреба за нашите повозрасни сограѓани, и како општина ќе вложиме напори да обезбедиме финансиска конструкција за реализација,“ изјави Јакимовски.

Тој ја заокружи изјавата со порака дека Карпош секогаш ќе биде чекор пред останатите општини и дека изборите се можност за граѓаните повторно да ја одберат патеката на развој, а не тапкање во место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Карпош е 10 години пред сите…

Денеска, пред претставници на медиумите, градоначалникот на…

Стевчo Јакимовски влегува во трка за уште…

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски,…

(Видео) Јакимовски до Мицкоски: Твојата филозофија е…

Твојата филозофија е дивеење и беззаконие, му…

Делови од Кисела Вода и Карпош денеска…

Регионалниот центар за управување со кризи по…

Меџити го сака Чаир со срце, но…

Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…