Јакимовски: Мојата програма е најцеловита, немам зошто да се бавам со кандидати кои не се интересни и знаат помалку од мене
Мојата програма е најцеловита, немам зошто да се бавам со кандидати кои не се интересни и знаат помалку од мене истакна во денешното гостување во „360 степени“ на МРТ 1 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Јас не ставам при срце што зборува Мицкоски, за мене тој е нерелевантен како човек и како политичар, вели Јакимовски.
Јакимовски смета дека Максим Димитриевски е во една скриена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски треба да ја одигра улогата запромена на Уставот по изборите.
– Сите кои му сметаме по прашањето за промена на Уставот, што нашиот став е да го затвориме бугарското прашање комплетно, вели дека сме измеќари, вели Јакимовски.
-Мојата програма е најцеловита, имам 17 точки. Пендаровски има пет точки кои не може да ги разбереш, а е актуелен претседател пет години, немам зошто да се бавам со нив, прво не се интересни, помалку знаат од мене, очигледно некои од нив коа би биле на мое место не можат ни 3.000 потписи да соберат, вели Јакимовски кој додава дека претседател на држава не може да биде 2дежурен кавгаџија“.
Мојата реторика е во насока на смирено делување, се што сакаме да кажеме можеме да кажеме без агресија и тешки зборови, Созреавме во политиката и нема прашње на кое сталожено не можеме да му пријдеме, истакна Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…