Јакимовски: Мојата програма е најцеловита, немам зошто да се бавам со кандидати кои не се интересни и знаат помалку од мене 

t

Мојата програма е најцеловита, немам зошто да се бавам со кандидати кои не се интересни и знаат помалку од мене истакна во денешното  гостување во „360  степени“ на МРТ 1 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

Јас не ставам при срце што зборува Мицкоски, за мене тој е нерелевантен како човек и како политичар, вели Јакимовски.

Јакимовски смета дека Максим Димитриевски е во една скриена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски треба да ја одигра улогата запромена на Уставот по изборите.

– Сите кои му сметаме по прашањето за промена на Уставот, што нашиот став е да го затвориме бугарското прашање комплетно, вели дека сме измеќари, вели Јакимовски.

-Мојата програма е најцеловита, имам 17 точки. Пендаровски има пет точки кои не може да ги разбереш, а е актуелен претседател пет години, немам зошто да се бавам со нив, прво не се интересни, помалку знаат од мене, очигледно некои од нив коа би биле на мое место не можат ни 3.000 потписи да соберат, вели Јакимовски кој додава дека претседател на држава не  може да биде 2дежурен кавгаџија“.
 Мојата реторика е во насока на смирено делување, се што сакаме да кажеме можеме да кажеме без агресија и тешки зборови, Созреавме во политиката и нема прашње на кое сталожено не можеме да му пријдеме, истакна Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…