Јакимовски со барање до надлежните распустот да трае до 10 февруари, поради омикpoн и ладните paдијатори
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира да се продолжи зимскиот распуст на учениците до 10 февруари, не само поради ширењето на омикронот, туку и поради затоплувањето во училиштата.
Апелирам до надлежните да ги земат во предвид препораките на дел од лекарите и да го продолжат зимскиот распуст до 10 февруари. Со тоа од една страна ќе заштедиме на сметките за греење, а од друга страна ако ги слушаме лекарите, продолжувањето на распустот би значело и значително намалување на бројот на заразени од ковид, вели Јакимовски.
Тој стравува дека осум училишта во Карпош ќе останат со ладни радијатори.
Од десет училишта во Карпош, осум се приклучени на мрежата на БЕГ, училиштето Аврам Писевски се затоплува на нафта, а Вера Циривири -Трена користи обновливи изври на затоплување. Ако се случи да запре испораката на топлина осумте училишта кои се на мрежата на Балкан Енерџи Груп ќе останат незатоплени, додава градоначалникот Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…
Поради дефект денеска без вода ќе останат…
Старица ограбена во Карпош
На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…
Украден сеф од објект во Карпош!
Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…
Ограбена аптека во Карпош
На 20.03.2024 околу 21.05 часот во СВР…
Советот на Општина Карпош ја усвои завршната…
Во рамки на 45. седница, членовите на…