Јакимовски: Сѐ е исто како пред Првата светска војна!
Се е исто како пред Првата светска војна, големите сили и тогаш и сега очекуваа безусловна соработка од Србија, вели во објава на Фејсбук градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Коментирајќи ги последните натсани во Косово, градоначалникот напиша:
Внимателно ги следам настаните во Косово, Србија и политичките таленти од Eвропската унија.
– Денеска портпаролот на европската комисија, Петар Стано изјави дека очекуваат „Безусловна соработка од Србија за настаните во селото Бањска“.
Е друже Стано и по атентатот врз престолонаследникот Франц Фердинанд и неговата бремена сопруга во Сараево очекувавте безусловна соработка од Србија.
Значи се е исто како пред Првата светска војна!
Има повод и причина за големата војна.
Поводот е Сараевскиот атентат извршен од припадниците на „Млада Босна“. Австроунгарија постави ултиматум до Србија од 10 точки. Кралот Александар прифати девет точки и ја одби десеттата, а таа беше: Белград да дозволи Австроунгарски истражители да го истражуваат атентатот и евентуална поврзаност на Србите во главниот град на нашиот северен сосед.
Е, овој десети услов е причина за Првата светска војна.
Австроунгарија и објави војна на Србија и почна хаосот.
Генерал Почерек тогаш рече: „Ќе се прошетаме низ Србија како воена патрола низ пијана кафана“. Ова тој го велеше зошто Србија само што беше излезена од двете балкански војни.
Се е исто и сега мислат дека Србија е сама, опкружена со земји членки на НАТО.
И тогаш мислеа така па Војвода Степа Степановиќ им одржа лекција на Цер а Војвода Мишиќ на Колубара и им го повтори градивото на Кајмакчалан и на Германците, на Аврстроунгарците и на Бугарите.
Да, добија лекција ама ние од овој дел на балканов гиневме како глувци. Срби, Албанци, Бугари, Македонци, Бошњаци и Црногорци.
Пак ли ќе го запалите Балканот?
Петар Стано вели дека разгледуваат што ќе превземат против Србија, наместо да отидат на северот на Косово и да видат што е причината, зошто некој земал оружје дали тоа можело да се превенира и што треба да се превземе за во иднина не дојде до вакви вооружени конфликти кој ќе не запалат сите, тие ќе воведувале санкции и ќе носеле уште војска.
Браво!
А Албин Курти е еден миротворец што го нема на свет. Надалеку е познат по мирољубивите и конструктивни соработки со соседите, со малцинствата во неговата држава како и со меѓународната зедница . Пред еден месец дојде во Македонија и нас да ни отчита буквица како треба да водиме политика и со кого треба да соработуваме.
Неговата посета во Македонија ги подгреа или ги смири страстите?
Тие што дигнаа вооружен бунт на северот на Косово очигледно се преиграле, ако биле подготвувани од српските служби и имале соодветна обука бидете сигурни дека косовските безбедносни сили ќе имаа десетици жртви.
За среќа овие авантуристи ниту биле обучени, ниту познавале воена тактика, ниту имале стручно командување и среќа во несреќа сесе заврши со малку жртви.
Решението не е во притисоци ниту кон Косово ниту кон Србија туку мора да се работи на елиминирање на причините кој доведуваат до вакви конфликти. Во спротивно ги исполнуваме условите за состојбата пред Првата светска војна, карактеристична со несоодветни одлуки, многу инает и горделивост. – напиша Јакимовски на Фејсбук.
Претходно во Тешки муабети Јакимовски истакна дека Косово е буре-барут и дека во секој момент може да пукне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…
Пентагон размислува за започнување на војна против…
Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…
Саливaн: Нема недоразбирање меѓу САД и Израел,…
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан…
ОН: Газа повеќе не е погодна за…
Луѓето во палестинската енклава се „очајни, гладни…