Јакимовски: Толку време се спремате за Карпош, а понудата ви е „зеро“

t

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ги коментираше своите противници од ВМРО-ДПМНЕ, кои според него долго време се спремале за кампањата во Карпош, а понудата која ја нудата на граѓаните е „зеро“.

„Понуда: зеро. Идеја: позајмена. Карпош: наш.

Толку време се подготвуваа за Карпош — а понуда за граѓаните, нула. Дојдоа, прошетаа, држеа пресови, ама не кажаа што ќе направат за вас.

Немаат идеја, па затоа копираат од моите проекти: фасади, лифтови, кровови, возачки дозволи, катни гаражи… Се сликаат на местата што јас сум ги изградил, а ги избегнуваат оние каде што ништо не направиле.

Затоа уште еднаш прашувам: Толку време се спремаш за Карпош, а понудата ти е зеро.

Карпош не се гради со празни зборови — се гради со дела, визија и чесна работа.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Толку време се спремате за Карпош,…

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на…

Јакимовски воведува субвенција за бушење на бунари…

Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина…

Јакимовски: Образованието не е луксуз, тоа е…

Во сите училишта во општина Карпош наставата…

Јакимовски: Училиштата во Карпош ќе произведуваат повеќе…

Училиштата во Општина Карпош ќе произведуваат повеќе…

Јакимовски: Решаваме стар проблем со нови решенија…

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и…