Јакимовски: Училиштата во Карпош ќе произведуваат повеќе струја отколку што трошат

t

Училиштата во Општина Карпош ќе произведуваат повеќе електрична енергија отколку што трошат, вели во објава на социјалните мрежи кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Овие панели не се шминка – тоа е работа, визија и енергија.

Во сите десет училишта во Карпош веќе поставивме фотоволтаици.

Не зборуваме за „ќе поставиме“ – тоа одамна го направивме.

Сега преминуваме на следното ниво: училиштата ќе произведуваат повеќе струја отколку што трошат, ќе ја враќаат назад во системот и ќе станат мали енергетски центри.

Карпош не чека наредби – Карпош размислува, работи и произведува.

Со секој киловат сончева енергија штедиме пари, но и градиме свест.

Нашите деца ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а Карпош ќе биде првата општина во Македонија што е целосно енергетски ефикасна.

Зелена енергија. Чиста совест. Силен Карпош, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…

Во сервис за возила на улица „Железничка“…

Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…

Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…