Јакимовски: Христијан и неговите можат да вршат притисок колку сакаат и некаде тоа му успева, а некаде не – Кај мене очигледно НЕ
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук ја сподели конверзацијата меѓу членови на неговара партија каде еден од нив пренесува дека разговарал со колега (Белчев) кој разговарал со Мицкоски и рекол дека Јакимовски ќе биде изнесен од општината со лисици.
– Еден мој поранешен член бил кај Христијан и сакајќи да се направи важен дека тој во 4 очи разговара со лидерот на опозицијата во случајна средба му пренесува важна “информација” на еден друг мој член од Илинден.
Умислениот дека е многу важен (Белчев), му се фали на колегата во доверба се разбира, дека кога ВМРО ќе дојдат на власт ќе ме изнесат со лисици од Општина Карпош.
Мислејќи дека е ‘мнооогу’ важна безбедноста информација по мојот живот и здравје дотичниот ја пренел на моја партиска колешка со молба истото да ми биде пренесено.
Таа, во порака до мене, ми ја пренсе оваа информација и дотука сите си живееле среќно. Но, не се надеваа дека јас оваа информација ќе ја споделам со јавноста па сега едниот се самоцензурира, а другиот под притисок се обидува да демантира.
Баба лаже, трап не лаже.
Откако колешката ми ја препратила информацијата, на колегата од Илинден му вратила повратна информација дека ми е пренесено и уште го пофалила кај мене дека тој бурно реагирал на што овој во писмена форма пишува – “Така и беше”
Еве доказ од конверзацијата
Христијан и неговите можат да вршат притисок колку сакаат и некаде тоа му успева, а некаде не. Кај мене очигледно – не.
Поздрав и до заканувачот, и до поштарите. – пишува Јакимовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…