Јакимовски ќе поднесе кривична до МВР за тениските терени: „Предметот е чист како солза“

t

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска ги праша, како што вели, стручњаците во МВР,  како во Катастар се впишани сите тениски терени во Скопје, а само тој во Карпош и кај хотелот Александар Палас не можел да се запише.

-Треба да им биде срам. Сакаат да си прават маркетинг, а јас сакам да им порачам да си се вработат во маркетиншка ангеција, а не во МВР каде што ги плаќаме со народни пари. Ова е чиста пропаганда, кажа градоначалникот, најавувајќи дека ќе поднесе кривична пријава до полицијата заради лажно пријавување и додава дека предметот е чист како солза.

-Од сателит се гледа дека е политички мотивиран процес. Колегите кои што го работеле предметот само настрадуваат како колатерална штета затоа што им е градоначалник Стевче Јакимовски, рече првиот човек на општина Карпош.

-За ова прашање е разговарано многу време претходно. Прашањето е чисто за сите. Сметам дека е крајно некоректно и да водат сметка дека за секој предмет мора да има три потписи. Кога тргнуваат во ваков чекор, прават стресови на луѓето во општината за 30-тина илјади плата. Замислете како влијае врз нив самите. Им прават стрес, додаде Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски ќе поднесе кривична до МВР за…

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска…

Засега нема кривична за измамата преку „Конти“,…

За измамата преку апликацијата „Конти“, првиот полицаец…

(Видео) Јакимовски: Кривичната од МВР е политички…

Непријатно ми е да објаснувам дека водата…

Кривичната од МВР е политички мотивирана –…

По информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција…

Со разрешувањето на Рамука, МВР и Тошковски…

СДСМ го коментира разрешувањето на началникот Наим…