Јандриоски до Мицкоски: Далеку си од лидер! – четири години ништо не направи

t

Членството на ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Христијан Мицкоски дека францускиот предлог ќе помине во Собранието.

Голем дел од членството го протолкува ова како однапред предадена битка.

Кристијан Јандриоски во Фејсбук статус вели дека Мицкоски во 4 години не спречил ниедно предавство, па ни ова. Го пренесуваме неговиот статус во целост:

Комплетно утната реторика. Што го влечеш народот по улици ако си се предал однапред?

Може да кажеш дека ќе се борите? Дека ќе спречите, да оставите простор на народ да се понадева бар до утре?

Што ти е поентава со пуштање на фарсата да помине? Или не можеш да ги запреш? Кажи не можам, ништо ново ништо чудно нема во тоа. 4 години ништо не се запрел, се ти помина, така да ни ова нема да е прво а ни последно со овај пристап од твоја страна.

Кој ти дава право да гасиш надеж кај народ бе?

Далеку си ми ти од лидер…ДАЛЕКУУУУУ.

Нека помине, па ќе збориме……, напиша Јандриоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…