Ни едно македонско знаме, или знаме на ВМРО, на прославата на УМС
Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристиан Јандриоски, на Фејсбук кратко ја коменитра забавата по повод роденденот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на која, како што кажува Јандиоркси немало ниту едно национално или партиско обележје.
-Браво за прославата на УМС, одлична.
Ни едно знаме, ни на бина ни во публика. Ни партиско, ни Македонско ни па она ветерницата што го викаат државно.
Браво…..дишете со новите времиња, времиња кои го истиснуваат македонизмот и вмровизмот.
Уште еднаш велам…..браво- пишува Јандриоски на Фејсбук.
Подмладокот на партијата организираше забава по повод годишнината од формирањето на Унијата на млади сили, на која присуствуваше и Христијан Мицкоски. Мицкоски претходно, по низа промени на неговите ставови, кажа дека сепак ќе гласа за промена на Уставот според таканаречениот “хрватски модел”.
Токму Јандриоски, претходно во гостување во Тешки муабети, откри дека од Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ испраќале циркуларни пораки дека “сега не е време за патриотизам”…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…