Јаничари во заедничката комисија со Бугарија
Од историјата ни е познато дека Турците, според превземана пракса од Мемлуците, во 14-от век создале специјална единица “јаничари“(јени-чери, во превод нова војска), кои извршувале “специјални задачи“ во битките и ѕверства-колежи врз потчинетата раја после добиените битки. Со султански ферман во Турција се укинати во 1826 година, ама како “раритет“ и “специјалитет“ во Бугарија тие опстанале и дејствуваат и во 21-от век. Тоа е и “нормално“ за една Бугарија, која нели се декларира за “посебна“ држава, со “најсовремен“ Устав, со “најправедна“ политика кон малцинствата и со “најдобронамерна“ и “најдоборососедска“ политика кон Македонија
Познатиот македонски општественик и револуционер Петар Поп Арсов во познатата негова студија “Стамболштината во Македонија и нејзините претставници“ објавена во далечната 1894 година дава јасна и недвосмислена слика и ја разобличува непријателската улога на Бугарската егзархија. Меѓу другото, користи една жестока и јасна метафора за наметнатите расколи во македонскиот народен дух, така што разговорот помеѓу двајца луѓе се одвива преку следниот дијалог:
Кој ти ги извади очите, прашува еден од соговорниците. Прашаниот одговара дека тоа е недело на неговиот брат. Другиот констатира: Затоа толку длабоко ти ги извртил?
Овој разговор веродостојно и болно ги отсликува, сите расколи во македонското ткиво. Тоа се расколи кои долго ќе ја следат судбината на македонското национално движење, од зародижот до денешни дни. Штетата од нив е голема и ненадоместлива. Тоа е така бидејќи го разјадија здравото македонско ткиво, однатре. Го распнаа и расчеречија. Ноторен факт е дека нема поголема болка од тоа кога десната рака ќе си ја исече левата, и кога брат во брата плука и пука.
Нешто подоцна, во 1898 година, Петар Манџуков, македонски револуционер, член на Македонскиот таен револуционерен комитет, ќе му се пожали на својот сомисленик Костадин Кирков(Солунски атентатор), дека ропството на Македонците немало да биде толку тешко, ако не се замешале секакви пропаганди, кои под името “браќа“ и “доброжелатели“ го разделуваат брат од брат и ги предизвикуваат Турците да вршат најголеми злосторства. И овој наш револуционер опоменуваше дека меѓусебните делби, ќе бидат најстарашните и најштетните работи што му се случиле на македонското револуционерно движење во минатото, а јас би додал и голема опомена за сегашноста.
Ова ќе го почувствува и за истото ќе опоменува и Ѓорче Петров на Солунскиот конгрес на ВМРО на 2, 3 и 4 јануари 1903 г., кога под влијание на врховистите е донесена одлука за предвремено кревање на Востанието. Приотоа појаснува дека Матов и Татарчев биле за кревање на востание и влијаеле на делегатите. За разлика од нив Ѓорче и Гоце Делечев категорично биле против, ама врховистичката пропаганда за жал победила. И ова е пример за делби, во пресудни моменти, што имале катастрофални последици за единството на Организацијата и за живото тело на Македонија.
За жал, сите овие внатрешни распаќа под туѓите влијанија и притисоци на своја кожа ги почувствувале и револуционерите и народот. Секогаш. Во судбоносни моменти, се наметнувала дилемата која е вистинскаста страна: тешката битка за живот или смрт или големите и лажни ветувања на “пријателите“ и на “браќата“, кои како по едно не пишано правило секогаш буделе безбројни илузии, кои секогаш останале тоа – само илузии и заблуди.
Сега ќе се префрлам во сегашноста и ќе ви откријам еден фрапантен факт: Сите членови на мешовитата историско-образовна комисија помеѓу Бугарија и Македонија, од страна на Бугарија, по потекло се Македонци. Од Ангел Димитров и Наум Кајчев, преку Момчил Методиев и Иван Илчев, до Даниел Вачков, Филип Топалов и Бони Петрунова(во некоја следна прилика ќе ви го претставам секој поединечно, кој е кој, и кој што, кога, во која прилика, изјавувале како се чувствувале приватно, а како морале службено и јавно да се однесуваат). Сите до еден – МАКЕДОНЦИ. А знаеме тие што ни прават сите овие неколку години од кога работи комисијата. Се ама не добро. Плукаат и пукаат по се што е македонско: име, јазик, историја, народ, култура, традиција. Штета и само штета од нив трпиме. Со години вежбани и подготвувани за денот “Д“, и еве сега ги употребија.
Ете драги мои Македонци, тоа се нашите јаничари, Македонци по потекло, а работат против интересите на Македонија, по налог и диктат на политичката врхушка на Бугарија. Е сегатреба да знаеме, за сите нив, и оние од минатото и овие денес, актуелниве јаничари, нашите стари ајдутски, комитски, револуционерни песни, како што оставиле многу драматични сведоштва за вистинските определувања, така забележале и прокоби како “Бог да ги бие, шпионите, шпионите – нашинците“ и “Јаничари одат, мамо од село во село, голем зулум прават, машки деца земаат мамо, земаат, потурчуваат, млади моми, грабаат мамо анами ги прават“.
Овие стихови испеани од напатениот македонски народ, најдобро покажува што претставува поимот “јаничар“ па во оваа прилика моето објаснување ќе изостане. Ама, би рекле Турците, си го задржувам правото, во следната моја колумна да го исцртам ликот на најпростиот и најзлобниот јаничар на денешнината Драги Киров, кој без причина и повод се обиде да понижи Македонец во дебатна емисија на македонска национална телевизија.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…