Јанушев повторно ги крие бугарските фирми од ДКСК: Исчезнаа и становите, ама затоа има подароци од 20 МИЛИОНИ!

t

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, повторно ги крие уделите во фирми во соседна Бугарија од македонските институции. Во најновиот анкетен лист на Јанушев, нема ни трага ни глас од бугарската фирма, но исчезнува и друг имот кој порано го навел во претходните анкетни листови.

Инфомакс претходно објави екекслузивни информации за компанијата  Флугбан Транс, основана, со седиште и дејност во Бугарија, каде удел во сопственоста има и Јанушев.

Имено во 2015 година на датум осми декември, Игор Јанушев заедно со Сашо Апостоловски и Кире Гешовски ја формира компанијата Флугбан Транс која до ден денес функционира во соседна Бугарија. Соогласно деталите од договорот Сашо Апостоловски иако има македонско име и презиме тој е државјанин на Европската Унија, односно на Чешката Република додека Кире Гешовски е државјанин на Република Македонија. Што пишува за Игор Јанушев? Државјанин на Република Македонија, роден во Велес.

Ако се уште не се сигурни дека се работи за истиот тој Игор Јанушев, „голем патриот“ и „борец против бугаризацијата“ на Македонија, да го погледнеме неговиот потпис како директор на ЈСП и истиот да го споредиме потписот на основачот на бугарската компанија „Флугбан Транс“.

Дополнително, во погоре прикажаниот договор се покриени податоците за адреса, број на пасош и слично, кои докажуваат дека се работи за актуелниот генерален секретар на Владата.

Речиси секоја година без исклучок освен првата кога е оформена, компанијата на Јанушев во Бугарија прави обрт од речиси 300 илјади евра, или во просек од 600-тини илјади левови. Разбирливо во првата година обртот е 212 илјади лева, односно само 100 илјади евра.

А сега да ги погледнеме анкетните листови на Јанушев.

Како што споменавме погоре, Јанушев и „другарите“ ја основаат фирмата во Бугарија во 2015 година.

На двата анкетни листови, како директор на ЈСП Скопје и подоцна како пратеник, Јанушев не наведува дека има било каков имот во странство, ниту уделот во оваа компанија.

Соогласно податоците кои Јанушев ги споделил со ДКСК, како директор на ЈСП тој поседувал, четири стана, две моторни возила, акции и приходи како член на надзорен одбор.

Кога Јанушев станува пратеник неговиот имот мистериозно исчезнува па тој сега е сопственик на само два стана и едно моторно возило.

Во најновиот анкетен лист ги нема и овие податоци, но ја нема и фирмата од Бугарија која и денес е активна и постои.

Од невдижен имот, Јанушев пријавил само градежно изградено земјиште со површина од 165 метри квадратни во Центар во вредност од 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ кое го добил како подарок.

Како подвижен имот Јанушев го пријавил неговото моторно возило Лексус, купено во 2013 година. Возилото го има и во претходниот анкетен лист меѓутоа таму вредноста е 925.350 денари, а овде е 900.000 денари, што е намалување во вредноста за 25.350 денари. Сумата сама по себе не е голема и страшна, меѓутоа уште еднаш да објасниме. Функционерот кој пополнува анкетен лист, како вредност на имотот, доколку се работи за договор за купопродажба ја наведува вредноста која е запишана при склучување на договорот. Тоа значи дека Јанушев и после 20 години кога ќе пополнува анкетен лист и таму ќе биде присутен неговиот Лексус, вредноста секогаш ќе биде иста, независно што пазарната вредност на возилото се променила во меѓувреме. Тоа исто така значи дека Јанушев во еден од анкетните листови не ја навел точната вредност на возилото (или можеби во двата анкетни листови).

Покрај тоа што вредноста на имотот е различна, Јанушев не треба да биде себичен и треба со јавноста да сподели кој подарува земјиште од 20 милиони денари во Центар и станови во Скопје.

Државната комисија за спречување на корупција има веќе оформен предмет за Јанушев, во кој ќе се истражува дали прикривал имот, а бидејќи предметот е оформен за податоците од анкетните листови пред да стане генерален секретар, ДКСК би можеле да го прошират предметот и со последните податоци за имот кој го поседува владиниот ген-сек.

– Ве известуваме дека до Државната комисија за спречување на корупцијата, од страна на Управата за финансиско разузнавање, доставена е преставка на надлежно постапување која до Управата била поднесена од непознат подносител. Во пријавата се бара проверка на имотот на лицето Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП Скопје, за кој имот се наведува дека не го пријавил во анкетниот лист поднесен до ДКСК. Од страна на ДКСК по пријавата е оформен предмет  во Одделението за следење и испитување на имотната состојба. Постапувањето по предметот е во тек. Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата се преземаат дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба. По утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесена одлука на јавна седница, која ќе биде објавена на ВЕБ страницата на ДКСК, велат од ДКСК за Инфомакс.

Во продолжение, одредбите од Кривичниот законик на Република Македонија за прикривање на имот.

Член 359-а од Кривичниот законик на Република Македонија – „Противправно стекнување и прикривање имот“:

(1) Службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна
установа или друго правно лице што располага со државен капитал, кое
спротивно на законската должност за пријавување на имотната состојба
или нејзина промена ќе даде лажни или непотполни податоци за својот
имот или имотот на членовите на неговото семејство, кој во значителна
вредност ги надминува неговите законски приходи, ќе се казни со затвор од
шест месеца до пет години и со парична казна.


(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни службено лице или
одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице
што располага со државен капитал кое, кога во законски уредена постапка
ќе се утврди дека за време на вршењето на функцијата или должноста тоа
или член на неговото семејство стекнал имот што во значителна вредност ги
надминува неговите законски приходи, дава лажни податоци или ги
прикрива неговите вистински извори.


(3) Ако делото од ставовите (1) и (2) на овој член е сторено во однос на
имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи,
сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години и со парична казна.
(4) За делата од ставовите (2) и (3) на овој член сторителот нема да се
казни ако во постапката пред судот даде прифатливо објаснување за
потеклото на имотот.


(5) Имотот кој ги надминува приходите што сторителот законски ги
остварува и за кои дал лажни или непотполни податоци или не дава
податоци или ги прикрива неговите вистински извори се конфискува, а ако
неговото конфискување не е можно од сторителот се конфискува негов друг
имот што одговара на неговата вредност.


(6) Имотот од ставот (5) на овој член се конфискува и од членовите на
семејството на сторителот за кои е остварен или врз кои е пренесен ако е
очигледно дека не дале противнадоместок што одговара на неговата
вредност, како и од трети лица ако не докажат дека за предметот или
имотот дале противнадоместок што одговара на нивната вредност.

А. Петровска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…

По информациите во јавноста дека на Институтот…

„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…

В.д директорт на Управата за извршување на…

Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…

Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…