Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир
Ако на некого сѐ уште не му беше јасна природата на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН вчерашната седница на Советот на Град Скопје го покажа тоа во целост: тоа е коалиција на бизнис интереси и бранење на криминал, реагира денеска на прес-конференција Љубица Јанчева, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Градот Скопје.
– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите ја свикаа седницата, самите како точка на дневен ред предложија да се дискутира за дивоградбите во Скопје, но, кога сфатија дека на дневен ред ќе дојдат и скандалите во Чаир, панично ја повлекоа точката – бегајќи од вистината што ги демне.
Ваквото однесување е jaсна потврда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се ставени во заштита на урбаната мафија која го загрозува Скопје и безбедноста на неговите граѓани.
Колку пари вреди молкот на советниците пред незаконското градење?
Што крие Мицкоски, и кого штити Панче Тошковски кога молчи за ова?
Скопје е заложник на урбана мафија која ја штити коалицијата на Мицкоски.
Оваа коалиција ги продава јавните ресурси, ги загрозува урбанистичките стандарди и ги става животите на граѓаните во опасност.
Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност?
Бараме итна реакција на сите надлежни институции и целосно расчистување на скандалот со 150 дивоградби.
Одговорност мора да има.
Животите на скопјани се поважни од профитите на коалицијата на власт, истакна Јанчева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…