Јапонија донираше рендген апарат на Клиника за детски болести
Амбасадата на Јапонија донираше дигитален мобилен рендген апарат на Клиниката за детски болести, а на денешната промоцијата на новиот апарат присуствваше и државниот секретар во Министерството за здравство, Бесим Мемеди.
– Станува збор за дигитален мобилен рентген апарат, во вредност над 60.000 евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока благодарност до Амбасадата на Јапонија, а особено до амбасадорката, Сецуко Кавахара, за нејзиниот личен ангажман и за долгогодишната, пријателска и плодна соработка. Оваа донација е уште еден доказ за силното партнерство меѓу нашите две земји и за вистинската грижа на Јапонија кон градење отпорен и хуман здравствен систем – изјави Мемеди.
Амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Сецуко Кавахара, потсети дека во рамки на заедничката соработка веќе се имплементирани над 70 проекти во здравствениот сектор и истакна дека поддршката за оваа клиника значи придобивка за сите пациентите од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јапонија донираше рендген апарат на Клиника за…
Амбасадата на Јапонија донираше дигитален мобилен рендген…
Јапонска авиокомпанијата воведе бесплатни летови – мора…
Јапон ерлајнс им нуди на странските туристи…
Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања…
Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во…
Русија ѝ се закани и на Јапонија:…
Руското Министерство за надворешни работи испрати силен…
Уште еден неуспех на јапонската вселенска копанија…
Јапонската компанија iSpace соопшти дека нивната беспилотна…