Објавено на:

Јариње, Мердаре и Брњак повторно се слободни за сообраќај, соопшти косовското МВР

t

Министерството за внатрешни работи на Косово денеска соопшти дека премините Јариње, Мердаре и Брњак се слободни за сообраќај.

„Патиштата сега се слободни за сообраќај, а за излез и влез на територијата на Косово се потребни три до пет минути“, соопштија од Националниот центар за гранично управување на МВР на Косово.

На веб-страницата на Центарот нема информации за состојбата со камионите со српска стока на кои претходно не им беше дозволен влез на територијата на Косово, пренесе Бета.

Поради таа одлука на косовската влада, камионџии синоќа организираа протести на премините Јариње и Мердаре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…