Јачева-Улчар: Јазикот ни стана северномакедонски
Професорката Елка Јачева-Улчар контра ставот на македонскиот државен врв смета дека ниту придавката македонски е зачувата, ниту идентитетот е бетониран, како што се тврдеше во јавноста.
– „Иако на народот му се ветуваше дека ќе биде сменето само името, преспанскиот засегна многу нешта, како и македонскиот јазик. Без да бидеме свесни, се смени јазикот во северно-македонски.
Од Стокхолм за време на престојот на нашта делегација таму, цело време ни се обраќале со северно-македонци. Така налагаат јазичните правила и изразување.“ – Изјави професорката Елка Јанчева-Улчар за Алфа ТВ.
Но, ова не е првпат по договорот од Преспа, главното обелјежје на народниот идентитет, јазикот, да ни се промени во северно-македонски. И државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, измисли „северномкакедонски јазик“.
По потпишувањето на Праспанскиот договор тогашниот премиер Зоран Заев силно уверуваше дека идентитетот и јазикот ќе останат македонски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…
(Видео+фото) Нaкитена новогодишнaта елкa во водитe на…
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та…
(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…
Од петок (24.12) светската публика ќе има…