Објавено на:

Ја плyкнал, па ѝ врзал шамap – детали за божиќниот инцидeнт меѓу Душко и Јелена

t

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска го пријави сопругот Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство. Поранешниот фудбалер доби 48 часа забрана да ѝ се приближува поради пријавата.

Според српски „Блиц“, полицијата дошла во нивниот дом каде било утврдено дека Душко Тошиќ прво ја плукнал сопругата, а потоа ја удрил со отворена рака по лицето, при што се здобила со повреда на десниот образ во форма на рез.

Инцидентот го потврдите роднините кои биле на семеен божиќен ручек во домот на сопружниците.

Душко Тошиќ, како и тетката на Јелена Карлеуша, дале изјави во полициската станица Савски Венац,

По дадените изјави и дадените проценки од полициската станица, на Душко Тошиќ му е забранет пристапот и комуникација со Јелена Карлеуша во траење од 48 часа, а мерката ќе биде доставена до обвинителството за да се процени дали има потреба од нејзинот продолжување.

Ова не е првпат Јелена да го пријави Душко во полиција. Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја виткал раката, додека Душко сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имаат несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакаше да го тужи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јелена Карлеуша пресметала колку ќе живее: „Имам…

Поп-ѕвездата е една од најинтригантните јавни личности…

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…

(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…

Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…

Подгответе се за шок: Еве какво образование…

Меѓутоа, јасно било дека Ноле не може…

ОСТАНА НЕМА ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА: Карлеуша се огласи…

Откако утрово осамна веста дека осум рудари…