Објавено на:

Јелен: САД нема да ги толерираат оние кои ги поткопуваат санкциите против Русија

t

Соединетите Американски Држави и нивните партнери немаат намера да ги толерираат активностите на другите земји кои ги поткопуваат санкциите против Русија, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен за време на говорот пред Атлантскиот совет.

Според неа, некои земји продолжуваат да „не прават ништо, веројатно гледајќи можности за сопствено збогатување преку одржување на односите со Русија и пополнување на празнините што ги оставаат другите“.

„Таквите мотиви се кратковиди. Да бидеме јасни: обединетата коалиција на земји кои воведоа санкции нема да биде рамнодушна кон активностите што ги поткопуваат тие санкции“, рече Јелен.

Јелен рече дека војната меѓу Русија и Украина ги променила перспективите за светската економија и дека администрацијата на Бајден е решена да ја повика Русија на одговорност за нејзиното „ужасно однесување“ и кршењето на меѓународното право.

„Бидете уверени дека Путин додека не стави крај на својата грозоморна војна, администрацијата на Бајден ќе работи со нашите партнери за да ја турне Русија во економска, финансиска и стратешка изолација“, рече Јелен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…