Јокиќ не запира: Во 24 часа постигна 104 поени и израмни рекорд на Чемберлен
Никола Јокиќ еден ден откако оствари рекорд на кариерата со 56 поени одигра уште еден фантастичен натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот.
Денвер беше гостин на Атланта, а српскиот кошаркар ја заврши средбата со 48 поени, 14 скока и осум асистенции со што неговиот тим запиша триумф од 141:111. Со овие 48 поени, Јокиќ стигна до бројката од 104 поени во само 24 часа што е навистина неверојатен ефект, па дури и за негови стандарди.
Јокиќ со ваквиот настап стана и прв кошаркар по Вилт Чемберлен во 1963 година кој на два меча во низа постигнал најмалку 45 поени, 10 скока и пет асистенции. Денвер во натпреварот од почетокот влезе максимално мотивирано и фокусирано и победата ја најавија со високата предност на паузата од 71:46.
Покрај Јокиќ во тимот на Денвер одлични беа уште Портер со 26, Браун со 16 и Вестбрук со девет поени и 11 асистенции. На спротивната страна Хантер стигна до 20 поени, Јанг ја заврши средбата со скромни бројки од 15 поени и 10 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
ЛА Лејкерс – Портланд 107-98
ЛА Клиперс – Хјустон 106-117
Сакраменто – Јута 141-97
Голден Стејт – Минесота 114-106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 121-116
Вашингтон – Мемфис 112-140
Орландо – Феникс 115-110
Атланта – Денвер 111-141
Мајами – Кливленд 122-113
Индијана – Шарлот 109-113
Бруклин – Милвоки 113-118
Чикаго – Филаделфија 100-108
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јокиќ не запира: Во 24 часа постигна…
Никола Јокиќ еден ден откако оствари рекорд на…
Далас експлодира и го растури Бостон со…
Малкумина очекуваа дебакл на Бостон од Далас…
Почина легендарниот кошаркар Џери Вест – ликот…
Легендарниот американски кошаркар Џери Вест, по кого…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Ке биде ли младиот Андреј Јакимовски вториот…
Најдобриот млад кошаркар на Македонија, Андреј Јакимовски …