Објавено на:

Јокиќ не запира: Во 24 часа постигна 104 поени и израмни рекорд на Чемберлен 

t

Никола Јокиќ еден ден откако оствари рекорд на кариерата со 56 поени одигра уште еден фантастичен натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот.

Денвер беше гостин на Атланта, а српскиот кошаркар ја заврши средбата со 48 поени, 14 скока и осум асистенции со што неговиот тим запиша триумф од 141:111. Со овие 48 поени, Јокиќ стигна до бројката од 104 поени во само 24 часа што е навистина неверојатен ефект, па дури и за негови стандарди.

Јокиќ со ваквиот настап стана и прв кошаркар по Вилт Чемберлен во 1963 година кој на два меча во низа постигнал најмалку 45 поени, 10 скока и пет асистенции. Денвер во натпреварот од почетокот влезе максимално мотивирано и фокусирано и победата ја најавија со високата предност на паузата од 71:46.

Покрај Јокиќ во тимот на Денвер одлични беа уште Портер со 26, Браун со 16 и Вестбрук со девет поени и 11 асистенции. На спротивната страна Хантер стигна до 20 поени, Јанг ја заврши средбата со скромни бројки од 15 поени и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
ЛА Лејкерс – Портланд 107-98
ЛА Клиперс – Хјустон 106-117
Сакраменто – Јута 141-97
Голден Стејт – Минесота 114-106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 121-116
Вашингтон – Мемфис 112-140
Орландо – Феникс 115-110
Атланта – Денвер 111-141
Мајами – Кливленд 122-113
Индијана – Шарлот 109-113
Бруклин – Милвоки 113-118
Чикаго – Филаделфија 100-108

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никси го освоија Тексас и по половина…

Кошаркарите на Њујорк Никси се нови шампиони…

Јокиќ не запира: Во 24 часа постигна…

Никола Јокиќ еден ден откако оствари рекорд на…

Далас експлодира и го растури Бостон со…

Малкумина очекуваа дебакл на Бостон од Далас…

Почина легендарниот кошаркар Џери Вест – ликот…

Легендарниот американски кошаркар Џери Вест, по кого…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…