Јордан бара од САД да распоредат „Патриот“
Јордан побара од САД да распоредат систем за противракетна одбрана „Патриот“ за да ја засилат одбраната на границите, бидејќи војната меѓу Израел и Хамас во Газа предизвикува закана.
„Побаравме од американската страна да помогне во зајакнувањето на нашиот одбранбен систем со ракетни системи за противвоздушна одбрана Патриот“, изјави портпаролот на армијата на Јордан за државната телевизија.
„Дроновите станаа закана на сите наши фронтови“, изјави бригадниот генерал Мустафа Хијари.
Тој негираше извештаи на социјалните мрежи дека американските воени бази во Јордан се користат за транспорт на воена опрема и оружје од складиштата во државата кон Израел. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…