ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради функционерски криминали

t

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради функционерски криминали, реагираат од Левица.

– Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски, во изјава за медиуми вели дека работата на претпријатието е сериозно отежната и загрозена поради извршни постапки настанати поради неисплатен регрес од 2021 и за вкупен долг од 12 милиони денари, поради што е извршен попис на имот на претпријатието.

Долговите за кои станува збор се следните – ако одиме по тоа дека на секој оштетен работник, од 70те кои имаат добиено судска правосилна одлука во нивна корист, треба да му се исплатат по 220 илјади денари тогаш сумата изнесува 15 МИЛИОНИ 400 ИЛЈАДИ денари оштета. Тука станува збор за регрес за неискористен одмор за 2017, 2018 и 2019 година, период во кој директори на претпријатието се првин Сашо Петрушевски, сегашен државен секретар на МВР, тогашен директор на ЈП „Чистота и зеленило“ и член на СДСМ, а потоа и Даниел Стојчевски, сегашен пратеник од ЗНАМ, тогашен директор на претпријатието и член на СДСМ.

Според информации кои стигаат до Левица Куманово, првичниот број на оштетени изнесувал 150, од кои само дел биле исплатени и наводно главната причина зошто само дел се исплатени е „партиската неопределеност“.

Втор долг заради кој функционирањето на претпријатието е сериозно загрозено е долг откриен во ревизорски извештај за 2020 година на Државен завод за ревизија, објавен 2021 година, во кој ДЗР според здобиените информации дека претпријатието тогаш имало 88 МИЛИОНИ денари ненаплатени побарувања постари од 5 години, дале критика да се навремено постапува за наплата на побарувањата и претпријатието да воведе внатрешна ревизија независна од директорот, со цел да се избегнуваат сомнителни и спорни побарувања, нешто што освен ЈП „Чистота и зеленило“ го нема сторено ниту едно друго кумановско јавно претпријатие.

На сето ова, само долгот на претпријатието кон УЈП изнесува 400 ИЛЈАДИ ЕВРА, и е должник на разни јавни претпријатија на централно ниво. Сето ова доведува до блокирана сметка и неминовен колапс на претпријатието.

Од горенаведеново лесно може да се заклучи дека претходните два директора не само што сносат лична одговорност туку и кривична поради оштетување на буџетот на претпријатието, додека сегашниот директор Ненад Стојановски сноси кривична одговорност поради непостапување.

Левица прашува дали претпријатието намерно е доведувано до колапс за да се изврши приватизација на комуналната дејност и налага до јавните претпријатија итно да воведат постојана внатрешна ревизија која ќе е независна од директорот воедно бара од органите да покренат случај против сегашниот и поранешните два директори за потенцијално малициозно работење и да се утврди дали постојат докази за намерно уништување на претпријатието. – објавија од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…

Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…

Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…

Млада кумановчанка го запуштила детето, па го…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22)…

Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на…

Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена…

Кумановската болница повторно остана без вода

Кумановската болница повторно остана без вода поради…