ЈСП: Превозот не поскапува туку се воведува нова услуга
СДСМ има најмалку право да зборува за проектите на ЈСП, претпријатие коешто стана еден од најголемите загубари изминативе четири години, велат од ова претпријатие на Град Скопје, како реакција на денешните обвинување од СДСМ дека новото раководство ги покачило цените за превоз.
„Во интерес на јавноста е да се објасни дека превозот не се поскапува, туку се воведува нова услуга. Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат и дека претпријатието ќе стане вистински сервис на граѓаните, а бесплатниот превоз, како што посочуваат, е реалност што ќе се спроведе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…