Јувентус нема победа ПЕТ натпревари по ред
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус се наоѓа во резултатска криза. Денеска избраниците на Масимилијано Алегри загубија на гостувањето кај Монца со 1:0.
„Бјанконерите“ немаат победа веќе пет средби по ред, однсно три пати се поразени, додека два пати ремизираа.
Вкупно на девет натпревари во сите турнири торинскиот клуб има само две победи.
Помошник-тренерот Марко Ландучи е оптимист дека тимот ќе излезе од кризата.
– Можеби поразот од Бенфика во Лигата на шампионите беше поголем удар за нашата психологија отколку што мислевме, но сето тоа се изговори и немаат никаква корист. Мора да ја затвориме устата и да работиме. Се разбира, никој не е среќен во оваа ситуација, но за да промениме сè, можеме само да работиме повеќе. Добро ги започнуваме натпреварите, но потоа престануваме да играме. Јасно е дека се чувствува отсуството на четири-пет играчи, но тоа не треба да биде оправдување. Треба само да одиграме подобро, да кренеме глави и да го дадеме одговорот на теренот, а не со зборови. Нашите проблеми можат да се решат и сигурен сум дека можеме да се подобриме. Сега сè е претставено во мрачни бои, но треба да ја видиме светлината на крајот од тунелот, рече Марко Ландучи кој го водеше тимот во отсуство на тренерот Масимилијано Алегри.
Во следното коло од Серија А, Јувентус ќе и гостува на Болоња. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија: Маж пронајден починат во камп приколка,…
На 23.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено…
Прво годишно обраќање на Сиљановска Давкова во…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе…
ДУИ до Мицкоски: Дали добивате „паничен напад…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
121 година од објавувањето на „За Македонцките…
„Македонците, како посебен словенски народ, што низ…
АА: Власта поттикнува национализам и амнестира тероризам
Алијанса за Албанците во соопштение обвини дека…