Њу Јорк Тајмс: Нетанјаху одбил да потпише наредба за почеток на копнената офанзива во Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбил да ги потпише плановите за копнена операција во Појасот Газа, тврди весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори.
Политичкото и военото раководство се уште не одлучило како, кога и дали е воопшто неопходно да се изврши копнена операција во Појасот Газа, јавуваат американските медиуми.
Израелската армија, распоредена на границата со Појасот Газа, е подготвена да дејствува, но политичките и воените лидери не можат да се договорат за решение, пишува „Њујорк Тајмс“, додавајќи дека операцијата се одложува за да се даде повеќе време за преговори за ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа.
„Военото раководство ги заврши плановите, но Нетанјаху одби да ги потпише, што ги налути високите офицери“, наведуваат извори на американскиот весник.
Одбивањето на Нетанјаху е делумно поврзано со неговата желба да добие едногласно одобрение од членовите на воениот кабинет, објаснува „Њујорк Тајмс“.
„Аналитичарите веруваат дека Нетанјаху се плаши еднострано да ја одобри операцијата, бидејќи поради падот на довербата на јавноста во неговото раководење со владата, тој се плаши дека ќе биде обвинет доколку операцијата не успее“, нагласува весникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc
Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…