Објавено на:

Ќерката на Медлин Олбрајт инвестираше 236 милиони долари во Косово

t

Во американскиот Конгрес, Косово потпиша договор со компанијата „Милениум челенџ корпорејшн“ за Компактната програма, со вкупна вредност од 236,7 милиони долари. Договорот го потпишаа извршниот директор на корпорацијата и ќерката на поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт – Алис Олбрајт и министерката за економија Артана Ризваноли, во присуство на претседателот и премиерот на Коово, Вјоса Османи и Аљбина Курти.

Преку овој договор т Косово ќе има корист од два проекта, кои во исто време се сметаат за најголема инвестиција на американската влада во Косово, а  целта на договорот е намалување на сиромаштијата преку економски раст и одржливо снабдување со енергија.

Договорот потпишан во Вашингтон ќе треба да биде ратификуван во  Парламентот на Косово со две третини од гласовите.

Пред церемонијата на потпишување на договорот, Алис Олбрајт истакна дека „милиони луѓе“ ќе имаат корист од договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…

ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…

Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…

Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…

КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…

Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…