Ќерката на Медлин Олбрајт инвестираше 236 милиони долари во Косово
Во американскиот Конгрес, Косово потпиша договор со компанијата „Милениум челенџ корпорејшн“ за Компактната програма, со вкупна вредност од 236,7 милиони долари. Договорот го потпишаа извршниот директор на корпорацијата и ќерката на поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт – Алис Олбрајт и министерката за економија Артана Ризваноли, во присуство на претседателот и премиерот на Коово, Вјоса Османи и Аљбина Курти.
Преку овој договор т Косово ќе има корист од два проекта, кои во исто време се сметаат за најголема инвестиција на американската влада во Косово, а целта на договорот е намалување на сиромаштијата преку економски раст и одржливо снабдување со енергија.
Договорот потпишан во Вашингтон ќе треба да биде ратификуван во Парламентот на Косово со две третини од гласовите.
Пред церемонијата на потпишување на договорот, Алис Олбрајт истакна дека „милиони луѓе“ ќе имаат корист од договорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…