Објавено на:

Ќе биде жешко во Тирана: Бериша најавува најголем протест во Албанија досега

t

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија(ПД), Сали Бериша, најави дека протестот закажан за утре во 12 часот ќе биде најмасовен досега.

– Ќе биде најмасовен, величествен, невиден до сега. Граѓаните гледаат дека имаат работа со еден крајно нескротлив криминалец (Еди Рама), крајно опасен за државата и општеството и мора што поскоро да го отстраниме, изјавил Бериша, јави Ора њуз.

Прашан дали протестот што се одржува во ист ден кога судот одлучува кој ќе биде наследник на ПД, неговото крило или она на Енкелед Алибеај, тој со одговор дека “утрешниот протест нема врска со одлуката на судот”.

– Нема врска. Во никој случај не можам да прејудицирам одлука која нема ни правен основ да прогласи странка која не е странка. Немам причина да се мешам во одлуката на судот. Тоа го направат со моќна интервенција Еди Рама, Ерион Велиај( градоначалник на Тирана)и Јури Ким (амбасадорката на САД), обвини тој.

Беше запрашан и за тоа за кого се однесува изјавата на Рама од собраниската говорница дека многу брзо ќе има уште еден нон грата.

– Што ќе каже не ми е важно. Овде ми е важно да ви кажам дека тоа што Еди Рама им го направи на САД може да го направи само Лукашенко или Путин, дури и Вучиќ би се плашел да го направи. Се гледаме утре, изјави Бериша.

Премиерот Еди Рама, претходно, од собраниската говорница ја иронизира опозицијата во врска со нејзиниот утрешен протест.

Тој рече дека можат колку сакаат да ”кажуваат дека е исплашен и вознемирен и дека не се откажуваат од имагинарни револуции, но нема да можат да се соочат со него”.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека со цел гарантирање на редот и безбедноста пред, за и по протестот, кој ќе се одржи на плоштадот ” Народни херои” ги презела сите неопходи мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…

Остра реакција на МАЕИ и партиите на…

 Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…

Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа,…