Објавено на:

Ќе биде ли денешниот ден почеток на крајот за Трамп: Судење за доверливите документи во Мајами!

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Мајами, каде што треба да се појави пред федералниот суд денеска во 15 часот по локално време, на почетокот на неговото судење по кривичната пријава за незаконско чување доверливи документи, јавува Ројтерс.

Трамп рече дека е невин и дека ќе ја продолжи кампањата за претседателските избори во 2024.

„Се надевам дека целата земја гледа што ѝ прави радикалната левица на Америка“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“, пред да замине со приватен авион. Поранешниот американски претседател, кој во средата наполни 77 години, го напушти голф-клубот во Бедминстер, Њу Џерси со возило со придружба до аеродромот во Њуарк, каде го чекаше неговиот авион за Мајами.

Неговите поддржувачи чекаа пред голф-клубот во Мајами во сопственост на Трамп, бидејќи тој ќе преноќи таму.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена во понеделникот покажува дека 81 отсто од републиканците веруваат дека обвинувањата против Трамп се политички мотивирани. Анкетата покажува и дека Трамп се уште има солидна предност во партиската трка за претседателска номинација. Во интервју за Политико, Трамп вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кандидатура, дури и ако биде осуден. Обвинението незапечатено во петокот го товари Трамп за 37 кривични дела поврзани со чување на доверливи документи во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида. Обвинението го обвинува Трамп за загрозување на националната безбедност, а обвиненијата од Законот за шпионажа предвидуваат значителни затворски казни, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…