Ќе ги остави ли Владата граѓаните на цедило: Враќаа долгови за кафеани, кафиња и непродуктивни трошоци на нивните градоначалници, сега во најголемата криза нема помош

t

Владата во 2018та се задолжи во име на општините со кредит од 120 милиони евра за враќање на долгови. Со тие пари од буџетот државата обезбеди 3.20 милијарди денари (48 милиони евра) за плаќање на долговите на сите општини во Македонија, со што ќе беа покриени 51 отсто од досепаните, а неплатени обврски.

„На овој начин треба целосно ќе се спроведе Законот за рамномерен регионален развој“ – Истакна тогашниот премиер Зоран Заев, додека пак неговиот министер за финансии, Драган Тевдовски кажа дека за да се спречи во иднина општините повторно да трупаат долгови, заедно со финансиската поддршка Владата се предложуваат измени на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа.

Но сега, за време на светска пандемија и европска енергетска криза, владата не гледа исто на опозициски определените општини.

ЗЕЛС алармира, владата слепа и нема

Градоначалничката на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Данела Арсовска, зборувајќи за кризата соо електрична енергија, односно енормните сметки кои ги добија општините чија сума далеку ја надминува очекуваната, истакна дека ЗЕЛС, доставила барање до Владата за финасиска помош, но не добиле никаков одговор.

„Од ЗЕЛС беа доставени до владата, и одржавме еден состанок со вицепремиерот и со министрите од економските ресурси, но тоа за жал, до денеска сѐ уште немаме конкретно ништо повратно по основ на кои ќе бидат прифатливите решенија од она што беше доставено. Се доставија барања за мерки за помош за енормното поскапување во делот на снабдувањето, особено тоа беше барање за финансиска помош за надомест на разликата во цената која што се јавува, која што не би била доколку имаше мерки за помош“, изјави Арсовска.

Пандемијата со коронавирусот дополнително ги испразни касите на десетина македонски општини зголемувајќи ја нивната зависност од пари што се префрлаат од централната власт. Општините Тетово и Гостивар вртоглаво ги зголемија долговите за само 12 месеци искачувајќи се на врвот на најзадолжени единици на локална самоуправа.

Долгот на општина Тетово достигна 9,8 милиони евра што е една третина од буџетот на оваа општина. Ако до пред две години Охрид беше најзадолжена општина, сега приматот го презеде Тетово. Сепак, по глава на жител најголем долг се уште има општина Охрид со 123 евра по жител.

Во време на пандемија, најголем дел од општините имаат значително помали сопствени приходи од даноци и други давачки. Со ова порасна потребата за дополнително државно финансирање за единиците на локална самоуправа да ја пребродат кризата.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во емисијата 24 анализа, на коментарот на вицепремиерот Битиќи дека градоначалниците треба да направат ребаланс за да се справат со кризата со електрична енергија, истакна дека и да сакаат да направат ребаланс, нема од што да скрата ако целиот буџет им оди за две сметки за струја.

„Со една и две фактури по новиот начин на наплата на општините им се троши целиот буџет и потоа се трошат сретства од проектите кои биле наманети во интерес на граѓаните. Сега се наоѓаме и во здравствена, економска и енергетска криза и беа доставени конкретни мерки во делот на снабдувањето со струја. Едно од барањата беше финанска надомест на разликата во цената која се јавува од пред раскинувањето на договорите до оваа позиција. – рече Арсовска.

Градоначалничката посочи дека е невозможно да се направи ребаланс, ако нема од каде да се скрати.

„Без разлика на градоначалникот, во која општина и да е, доколку го истроши целиот буџет годишен со две сметки за струја, тој нема од каде да направи ребаланс, од што ќе скрати“, додаде таа.

Општините се финансиски зависни од центалната власт

Според Марјан Николов, претседател на Центарот за економски анализи, пандемијата ја зголемила зависноста на општините од парите што се префрлаат од централната власт. Вели дека ова е проблем бидејќи оние општини кои се финансиски зависни од централната власт имаат помал простор за одлучување за градење локални политики.

„Целта на децентрализацијата е да се откријат локалните преференции на граѓаните. Тие локални преференции се очекувања за некои приоритети кои треба да се задоволат за граѓаните“, вели тој додавајќи дека кога општината нема пари и е зависна од централната власт тогаш истата власт ги диктира приоритетите.

Функционираат и со блокирани сметки

Во меѓувреме, единаесет од вкупно 81 општина во земјава со години функционираат со блокирани сметки поради натрупани долгови. Во моментов, блокирани сметки имаат општините Струга, Охрид, Карпош, Тетово, Сопиште, Зрновци, Ресен, Делчево, Пехчево, Градско и Кривогаштани. Што значи блокирана сметка и кога може тоа да се случи? Одговорот е едноставен, неретко се случува кога единиците на локална самоуправа, на пример,  ангажираат фирми да изведуваат градежни или други работи, а потоа не можат да ги платат обврските. Таквите долгови често се натрупуваат па општините не можејќи да ги подмират обврските мора да функционираат со блокирана сметка и со месечен лимит за трошење што им го одредува судот.

Сепак, според Законот, општината чија сметка е блокирана повеќе од шест месеци мора да прогласи финансиска нестабилност, или во спротивно следуваат казни од 5.000 до 10.000 евра. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, зборувајки за енергетската криза, му сугерираше на вицепремиерот Битиќи, да го врати мандатот доколку не може да најде начин да им помогне на граѓаниет.

„Вицепремиере, доколку вие не можете да обезбедите за општините и граѓаните, можете да го вратите мандатот. Затоа штоо, извинете што ќе ви кажам вака, доколку можеле да бидат обезбедени 40 милиони евра за општини во фаза кога тие се луксузирале, кога трошеле на возила, кога трошеле на фстаци и кикирики, јас верувам дека сред енергетстка криза исто така може да им се помогне. МИнатиот пат когасте ја дале таа помош, без разлика по кој основ таа била дали била заради тоа што некој претходно лошо менаџирал, дали било затоа што тие лошо менаџирале па се довеле во ситуација во каква што се. И без тоа што немаше ваква криза со каква сме сега соочени, тие беа помогнати, аминувани со тоа што 50% им беа простени долговите, и беа помогнати од страна бна централната власт. Сега се наоѓаме во тешка криза, енергетска криза“, коментираше Арсовска.

Здружението „Медиа плус“ подолго време ги следи проблемите со натрупаните долгови на општините. Велат дека финансиската нестабилност е воведување на „принудна управа“ во општините.

„Ниту една општина нема пријавено финансиска нестабилност, како што предвидува законот, ниту пак реагирало Министерството за финансии. Градоначалникот сам треба да алармира во Министерството за финансии. Потоа се формира комисија која управува со нејзиното финансиско работење, составена од по еден член од министерствата за финансии и за локална самоуправа, ЗЕЛС, градоначалникот и од Советот на општината. Но, извршните одлуки се на членовите на министерствата“, објаснуваат од ова здружение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…