„Ќе ги убијам сите свештеници“: Заканувачко писмо во Соборниот храм во Ниш

Непознат човек влегол во Соборниот храм во Ниш и оставил заканувачки писмо во кое пишува дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Тој според српските медиуми бил забележан на 7 мај од безбедносна камера на црквата, а видеото веќе кружи на социјалните мрежи.
Како што стои во описот на видеото, непознат маж со долга коса и ранец на грбот ја искористил приликата за време на крштевањето и влегол во олтарот каде оставил заканувачко писмо дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив.
Од полицијата во Ниш велат дека овој случај бил пријавен во понеделникот и дека истрагата е во тек.
Инаку денеска судот во Белград му одреди притвор на 53-годишен белграѓанец, со иницијали Л.Н. поради заканите што ги упатувал на работното место: „Нема да лаам, туку ќе направам масакр овде и тоа поголем од оној во Младеновац“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Повеќе луѓе се повредени во Ниш-две…
Потпретседателот на Владата и Министер за внатрешни…
13 ГОДИНИ НЕМАМ ПОЧУВСТВУВАНО ВАКОВ БЕС- Вучиќ…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи…
Приведена поранешната градоначалничка на Ниш, Драгана Сотировски
Поранешната градоначалничка на Ниш, Драгана Сотировски, денеска…
Министерката за образование на Србија избега од…
Министерката за образование на Србија, Славица Ѓукиќ…
„Ти ли мене ќе ме рекетираш!“: Пресметка…
Маж е избоден утрово во кафуле на…