Објавено на:

„Ќе ги убијам сите свештеници“: Заканувачко писмо во Соборниот храм во Ниш

t

Непознат човек влегол во Соборниот храм во Ниш и оставил заканувачки писмо во кое пишува дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Тој според српските медиуми бил забележан на 7 мај од безбедносна камера на црквата, а видеото веќе кружи на социјалните мрежи.

Како што стои во описот на видеото, непознат маж со долга коса и ранец на грбот ја искористил приликата за време на крштевањето и влегол во олтарот каде оставил заканувачко писмо дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив.

Од полицијата во Ниш велат дека овој случај бил пријавен во понеделникот и дека истрагата е во тек.

Инаку денеска судот во Белград му одреди притвор на 53-годишен белграѓанец, со иницијали Л.Н. поради заканите што ги упатувал на работното место: „Нема да лаам, туку ќе направам масакр овде и тоа поголем од оној во Младеновац“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановец отстранет од домот откако и се…

Отстранет од домот кумановец кој се заканувал…

Иран со закани кон Европа: Можеме да…

Иран започна нов бран напади врз бродови…

Протести во Белград и Ниш: „Година дена,…

Денеска во Ниш и во Белград се…

Поранешната градоначалничка на Ниш останува во притвор

Вишиот суд во Ниш го продолжи притворот…

Студентие во блокада од Ниш добивале закани…

Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш…