„Ќе го тепам“: 40-годишник од Форино со нож му излегол на скопјанец со „порше“

t

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 27 октомври минатата година на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може тешко да го повреди телото или тешко да го наруши здравјето.

Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „Порше кајен“ со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „Тојота“ со гостиварски ознаки веднаш до него. Започнал да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград,…

Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија…

Трамп го повика Врховниот суд да го…

ТикТок и неговиот сопственик ByteDance настојуваат да…

Словачка потврди дека се согласила да биде…

Словачка синоќа потврди дека се согласила да…

Еве какво време не очекува денес

Времето денеска изутрина е студено со појава…

Ново обвинение за Рамиз Мерко, судот му…

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд…