Еве какво време не очекува денес
Времето денеска изутрина е студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со променлива облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска. Снежната покривка постепено ќе се намалува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската комисија застана зад Туск: Бара од…
Европската комисија застана на страната на полскиот…
Осуденик во затвор успешно заврши средно образование
Осуденик, кој својата казна ја издржува во…
Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…
„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…
ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето…
ФБИ соопшти дека Северна Кореја е одговорна…
(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…
Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…