Ќе пукне ли тиквата? Српска паравоена формација патролира на северот од Косово, целта е ескалација?!

t

Српска паравоена формација патролира на северот на Косово, пишува “Албаниан пост“.

„Оваа паравоена формација која се јавува како „Бригада Север“ има околу 300 добро вооружени членови. Нивната возраст е околу 30 години и сега почнаа да патролираат на одредени области. Патролирањето најчесто се врши ноќе. Некои од нив се сметаат дека не се од Косово, дека дошле од Србија, па дури и од Република Српска. Без разлика што дел од нив се чини дека се под дејство на алкохол и други супстанци, од тактичка страна се смета дека воено се исклучително добро подготвени“, тврди „Албаниан пост“ повикувајќи се на дипломатски извори.

Сепак, според дипломатски извори, кои за порталот го коментираа извештајот на ЕУЛЕКС, вакви организации и движења на вооружени формации не можат да се случат без премолчено одобрение од српските власти.

Дипломатски извори за АП изразуваат загриженост дека проруските елементи, во државните структури на Србија и пошироко, се впуштаат во функција на ескалација, со крајна цел вооружена конфронтација.

Во случајот со второто, овој развој нужно би ги вклучил трупите на НАТО во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…