Ќе седнат ли Мицкоски и Арсовска на маса?
Ќе седнат ли премиерот Мицкоски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на маса?
Се чини дека по подолг временски период конечно има волја премиерот Христијан Мицкоски и градонаалничката Данела Арсовска да седнат на маса со цел изнаоѓање на решение за актуелните проблеми во Градот.
Градот Скопје веќе подолг период е блокиран од Советот на Градот Скопје, каде политичките партии не можеа да се договорат за клучните прашања, како набавката на нови автобуси за ЈСП, работата на јавните претпријатија, програмите за работа и вработување во претпријатијата и слично.
Можноста за разговор доаѓа откако Владата и ЗЕЛС најавија одземање на ингеренциите на Градот Скопје во неколку области и расформирање на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, по што двете страни понудија да се разговара за решавање на проблемите.
– Подготвен сум на секакво решение, додаде тој, но ако нема прогрес, тогаш ќе мора да делуваме радикално.
– Сите гледате што се случува во главниот град. Се давиме во смет, расипани автобуси, дупки на улиците. Многу е лоша состојбата со главниот град и ние сакаме да помогнеме. Знаеме дека е лоша состојбата, но граѓаните чекаат да ја решиме проблематиката, затоа и нѐ бираа на изборите во мај. Сѐ што е потребно ќе направиме само да се решат проблемите. Сега функционираме во услови кои не личат на главен град на земја која е дел од НАТО и која претендира да биде дел од европското семејство. На секој чекор сум подготвен. Наскоро започнува новата учебна година, луѓето почнуваат да се враќаат од годишните одмори, па затоа мора градот да функционира нормално. Подготвен сум да разговарам со раководството на Град Скопје, подготвен сум на сѐ, ама ако гледам дека нема прогрес, тогаш ќе мора да делуваме радикално. Или, еве да се изразам со докторски речник: да не влегуваме многу инвазивно во приказната, па да мораме да навлеземе и во здравото. Туку, да се обидеме да го санираме тоа што може да се санира, а тоа најодбро се прави преку разговор, политика, дипломатија. Но, ако видиме дека нема напредок, ќе мора инвазивно да го решаваме проблемот – изјави Мицкоски.Сѐ што е потребно ќе направам само да се решат проблемите во главниот град кои им го отежнуваат, па и им го загрозуваат животот на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија по повод пуштање во употреба нова медицинска опрема во вредност од милион евра.
Градоначалничката Арсовска одговори дека е подготвена да седне на маса со Владата за одблокирање на закочените процеси во Градот.
– Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата на Р.Македонија.
За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.
Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.
Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе седнат ли Мицкоски и Арсовска на…
Ќе седнат ли премиерот Мицкоски и градоначалничката…
Делови од Скопје вечерва се без струја
Поради испад на трафостаницата „Запад”, жители на…
Поради пожарите Владата ја продолжи кризната состојба…
Владата денеска ја одржа редовна седница на…
Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми
На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…
Владата донесе дополнителни мерки за превенција поради…
Министерството за здравство ја информираше владата дека,…