Ќе се набавуваат дронови и хеликоптери за македонската Армија

t

„Дроновите се дел од најновата технолологија која што може да се користи и за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава. Во Министерството за одбрана беше презентирана анализата од страна на Генералштабот на армијата и се работи на прецизирање какви дронови, во каков обем треба да бидат набавени и како ќе се инкорпорираат во сегашниот систем на одбрана, во координација со останатите институции во државата и ќе се обидеме да имаат поширока употреба и за цивилни цели,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во Дневникот на Сител ТВ.

Таа изрази очекување дека до крајот на годинава тимот кој е формиран во Министерството за одбрана да излезе со конкретен предлог за набавка, и истите ќе бидат предмет на набавка наредниот период.

„Дванаесет хеликоптери се донирани, останатите кои се дел од нашата флота се во употреба и не ма да бидат на никаков начин отуѓени се додека не биде склучена набавката за новите осум транспортни хеликоптери и најважно истите да бидат испорачани во нашата држава, “ истакна Петровска во врска со ндонираните хеликоптери на Украина.

Во врска со набавката на хеликоптери, односно од каде ќе се набават, Петровска рече дека тимот кој е задолжен за процесот побарал дополнително време, за испитување на понудите кои се доставени, а во текот на следна недела се очекува да реферираат до министерството и Генералштабот, а со конкретен предлог ќе излезе пред Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…