Ќе се набавуваат дронови и хеликоптери за македонската Армија
„Дроновите се дел од најновата технолологија која што може да се користи и за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава. Во Министерството за одбрана беше презентирана анализата од страна на Генералштабот на армијата и се работи на прецизирање какви дронови, во каков обем треба да бидат набавени и како ќе се инкорпорираат во сегашниот систем на одбрана, во координација со останатите институции во државата и ќе се обидеме да имаат поширока употреба и за цивилни цели,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во Дневникот на Сител ТВ.
Таа изрази очекување дека до крајот на годинава тимот кој е формиран во Министерството за одбрана да излезе со конкретен предлог за набавка, и истите ќе бидат предмет на набавка наредниот период.
„Дванаесет хеликоптери се донирани, останатите кои се дел од нашата флота се во употреба и не ма да бидат на никаков начин отуѓени се додека не биде склучена набавката за новите осум транспортни хеликоптери и најважно истите да бидат испорачани во нашата држава, “ истакна Петровска во врска со ндонираните хеликоптери на Украина.
Во врска со набавката на хеликоптери, односно од каде ќе се набават, Петровска рече дека тимот кој е задолжен за процесот побарал дополнително време, за испитување на понудите кои се доставени, а во текот на следна недела се очекува да реферираат до министерството и Генералштабот, а со конкретен предлог ќе излезе пред Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…
Сакам да информирам за една преубава вест,…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Дронови погодија брод во близина на бугарскиот…
Контејнерскиот брод CONTSHIP JET, кој пловел под…