Ќе се одлучи за судбината на тутунарите: Денес на дневен ред во Собранието се неколку закони меѓу кои и Законите за тутун и дивоградби
Собранието денеска треба да ја продолжи 62-та седница со Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.
На дневен ред на оваа седница во прво читање се и Предлог законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти, Предлог законот за инспекциски надзор во животната средина и Предлог законот за вршење сметководствени работи.
Пратениците треба да распорваат и за Предлог законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, Предлог законот за изменување на Законот за платниот промет и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.
Собранието на седницата треба да расправа и по Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков, и по Предлог на декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и државните политики.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…
(Видео) Тепачка во бугарското собрание
Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…
Собранието во понеделник ќе го потврди новиот…
Предлозите на Владата за нов министер за…
Нема повеќе пушење ни на тераса –…
Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…